Шавединов: Навални e oтруен во затвор

Од:

Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозициски политичар, се бори со силни стомачни болки во затвор. Тие болки би можеле да бидат резултат на отров со бавно дејство, изјави неговиот близок соработник Руслан Шавединов.

Тој рече дека минатата недела била повикана брза помош во максимално безбедносната казнена колонија ИК-6 во Мелехов, околу 250 километри источно од Москва, каде што е затворен Навални.

„Неговата ситуација е критична, сите сме многу загрижени. Знаеме дека ситуацијата сигурно била многу лоша доколку се повикала брза помош“, изјави Шавединов за Гардијан, додавајќи дека затворските власти одбиле да го однесат Навални во болница.

Советот на Европа во петокот соопшти дека е „екстремно загрижен“ поради „брзо влошувањето“ на здравјето на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

„Крајно сме загрижени поради информациите дека здравствената состојба на Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија повеќе од две години по обидот за труење, брзо се влошува“, изјави генералниот секретар на Советот на Европа.

Вадим Кобзев, адвокатот на Навални, во вторникот изјави дека тој боледува од „непозната болест поради која никој не го лекува“. Неговите соработници тврдат дека Кремљ се обидува полека да го „убие“.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен