„Шарли ебдо“ прекинува со печатење се додека не се распродаде првото издание по нападот

Од:

Раководството на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ донесе одлука привремено да го прекине издавањето на нови броеви, со цел да создаде услови за успешна распродажба на седум милионскиот тираж на првото издание, објавено по терористичкиот напад врз редакцијата на почетокот од минатиот месец и убиството на медиумски работници во весникот.

Во соопштението објавено денеска на интернет страницата на „Шарли ебдо“, раководството и колективот на списанието им заблагодаруваат на читателите за нивната „огромна поддршка и сочувство“.

Според последните информации, тиражот на „изданието на преживеаните во терористичкиот напад“ надминува седум милиони. Ова е единствен случај во современата историја на француските медиуми.

До нападот на „Шарли ебдо“, тиражот на неделникот не надминувал 60 илјади броја.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ