Шамхани: Иран ќе преговара со САД и со Европа само за нуклеарниот договор

Од:

Генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани објави на Твитер дека со САД и со Европа нема да има други преговори освен нуклеарни.

– САД и Европа паднаа на испитот за исполнување на своите обврски од нуклеарниот договор… Со САД, кои го кршат договорот и со Европа, која не ги исполнува своите обврски, нема да има други преговори освен нуклеарни, наведе Шамхани.

Во Виена се одржуваат нуклеарни преговори со цел да се обезбеди целосна имплементација на нуклеарниот договор и враќање на САД со учество на високи претставници од Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија и Иран. Партиите тврдат дека преговорите се влезени во фаза на одлучување.

Иранскиот нуклеарен договор, официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европска Унија. Според договорот, Техеран вети дека ќе ја ограничи својата нуклеарна активност само за цивилни цели, а светските сили се согласија да се откажат од економските санкции кон Иран.

САД за време на мандатот под поранешниот претседател Доналд Трамп, еднострано се повлекоа од договорот од 2018 година и воведоа санкции кон Иран, што доведе до тоа Техеран да престане да се придржува до договорот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он