Североисточниот дел на САД зафатен од топлотен бран

Од:

Топлотен бран го погоди источниот брег на САД, од Бостон до Вашингтон, каде температурите се искачија над 35 степени Целзиусови. Властите го подогнаа степенот на готовност откако три дена температурата на воздухот е над 32 степени.

Поради високата влажност, температурата ниту во текот на ноќта не паѓа под 25 степени.

Во сиромашното вашингтонското предградие Принц Џорџ, поради пукање на една од главните водоводни цевки, околу 200.000 жители ќе бидат без вода во следните три до пет денa.

Поради големата потрошувачка на електрична енергија во Вашингтон се воведени вонредни дежурства во електродистрибутивната мрежа, со цел навремено да се одговори на евентуална хаварија. Се проценува дека во североисточниот дел на САД константно се вклучени над шест милиони климатизери.

Во Вашингтон се отворени повеќе јавни климатизирани објекти за граѓаните, а во метрото е дозволено да се внесуваат вода и пијалоци, што инаку е забрането.

Последниот топлотен бран во Вашингтон беше од 28 јуни до 10 јули минатата година, кога 12 дена температурата не се спушти под 35 степени.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски