Повеќе од 40.000 домаќинства се без електрична енергија откако тропскиот циклон Ниран го погоди североисточниот дел на Австралија.
Силниот ветер и обилните дождови урнаа голем број дрвја, оштетија далноводи. Во предградието на Таунсвил делумно се оштетени повеќе згради. Обилниот дожд предизвика и поплави.
Поради невремето затворени се 38 училишта, а жителите на неколку градови на источниот брег на Австралија се предупредени да се подготват за евакуација.
Според метеоролозите циклонот Ниран во следните два дена нема да загуби од јачината и ќе се движи кон север.