Дрон, за кој се претпоставува дека и припаѓа на Северна Кореја, направил снимки од американскиот ракетен одбранбен систем (ТААД), поставен во Јужна Кореја, пред да се урне на враќање од задачата, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за одбрана.
Во соопштението е наведено дека беспилотното летало, кое на себе имало камера е пронајдено во шума на територија на Јужна Кореја, во близина на границата со Северна Кореја.
– Можеме да потврдиме дека камерата направила десет фотографии од системот ТААД, изјави анонимен претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.