Северна Кореја тестираше балистичка ракета

Од:

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од неодреден тип во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската армија.

Тестирањето се случува пред пристигнувањето на американски носач на авиони за заеднички вежби со јужнокорејските сили и неколку дена пред планираната посета на американската потпретседателка Камала Харис во Јужна Кореја.

Според јужнокорејската армија, проектилот поминал 600 километри над копното, достигнувајќи максимална височина од 60 километри пред да падне во водите на источниот брег на Северна Кореја.

Северна Кореја годинава изврши рекордни над 30 тестирања на ракети.

Според јужнокорејската армија, подготвува да тестира ракета дизајнирана да биде лансирана од подморница.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Токио прави се за да собере податоци за лансирањето на севернокорејската ракета и да ја потврди безбедноста на бродовите и авионите во регионот. Засега нема извештаи за причинети штети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка