Северна Кореја тестира технологија со цврсто гориво за лансирање ракети

Од:

Северна Кореја тестираше „мотор со цврсто гориво“ што може да овозможи побрзо лансирање балистички ракети, јави ДПА, цитирајќи го соопштението на Корејската централна новинска агенција. Тестот беше спроведен вчера под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

-Овој важен тест ни даде сигурна научна и техничка гаранција за развој на уште еден систем за стратешко оружје од нов тип, се вели во соопштението.

Ким Јонг Ун срдечно ги поздрави и ги охрабри научниците и технолозите вклучени во процесот на подготовка и спроведување на тестот и рече дека очекува што е можно поскоро да се развие уште еден нов вид стратешко оружје, соопшти Корејската централна новинска агенција.

И покрај меѓународните критики, Северна Кореја изврши ракетни проби на невообичаено висока фреквенција од крајот на септември. Набљудувачите стравуваат дека земјата наскоро може да изврши уште една нуклеарна проба. Последната нуклеарна проба на Пјонгјанг беше извршена пред неколку години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски