Северна Кореја потврди тестирање на ракета со среден дострел

Од:

Северна Кореја потврди дека во неделата ја тестирала „балистичката ракета со среден дострел Хвасонг-12“, објави државната новинска агенција КЦНА.

Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина.

Лансирањето првпат беше пријавено од јужнокорејските и јапонските власти во неделата.

Аналитичарите и официјалните лица велат дека тестот се чини дека вклучува балистичка ракета со среден дострел (IRBM), која Северна Кореја ја нема тестирано од 2017 година кога го прекина тестирањето на своите најголеми ракети и нуклеарно оружје.

КЦНА објави дека лансирањето на ракетата било извршено за да се осигури безбедноста на соседните земји и дека пробната боева глава била опремена со камера која фотографирала за време на летот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка