Северна Кореја изутринава почна воена вежба во неспоредна близина на спорната поморска граница со Јужна Кореја, што е втор пат овој месец Пјонгјанг да одржува таква вежба, јавија јужнокорејските медиуми.
Минатиот пат кога таква вежба беше одржана, кој крајот на март, севернокорејските и јужнокорејските сили истрелаа повеќе стотици проектили едни кон други, кои завршија во морето.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека рано изутринава е информирано дека вежбите ќе се одржат во близина на два острови западно од Корејскиот Полуостров.
Портпаролот на на јужнокорејската Влада наведе дека војската на таа земја е „целосно подготвена“.