Северна Кореја: Нуклеарните сили ќе реагираат ако нападне Сеул

Од:

Северна Кореја е против војна, но ако Сеул избере воена конфронтација или изврши превентивен напад, тогаш нуклеарните сили на Пјонгјанг ќе мора да нападнат, изјави денеска сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и еден од неговите главни советници, Ким Јо-џонг.

Таа, исто така, нагласи дека е „многу голема грешка“ што јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук неодамна дал изјава за превентивен напад врз Северна Кореја, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејскиот министер во петокот изјави дека неговата земја има ракети кои имаат капацитет да погодат прецизно и брзо која било цел во Северна Кореја, во време кога Пјонгјанг спроведува бројни тестирања на балистички ракети во изминатите месеци и се заканува дека ќе продолжи со нуклеарни проби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета