Северна Кореја: Короната ни дојде од Јужна Кореја преку „неидентификувани работи“

Од:

Северна Кореја заклучи дека првите случаи на инфекција со коронавирус во таа земја се случиле во регион во близина на границата со Јужна Кореја, а како што објавија денеска државните медиуми, првите пациенти биле во контакт со „неидентификувани работи“.

Објавувајќи ги резултатите од своите наоди, Северна Кореја им наложи на граѓаните да бидат „внимателни за „непознати работи“ кои доаѓаат од ветер и други климатски појави и балони во областите долж линијата на разграничување“, пренесува Ројтерс.

Познато е дека 18-годишниот војник по име Ким и 5-годишното момче по име Ви, биле во контакт со неидентификувани материјали на ридот околу касарните и станбените области во Ифо-ри на почетокот на април, објави државната новинска агенција KCNA додавајќи дека подоцна развиле симптоми и биле позитивни на коронавирус.

Ихпо-ри е регион во округот Кумганг на источниот брег на земјата во близина на границата со Јужна Кореја.

„Резултатите од истрагата покажаа дека неколку луѓе кои дошле од областа Ифо-ри во главниот град во средината на април имале треска, а меѓу нивните контакти е забележано нагло зголемување на случаите на треска“, пишува КЦНА.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка