Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Од:

Северна Кореја денеска истрела ракета која би можела да биде балистичка ракета, соопшти јапонското Министерство за одбрана, а пренесува Кјодо.

Војската на Јужна Кореја, исто така, соопшти дека Северна Кореја лансирала неодредена балистичка ракета кон Источното Море.

Во соопштението на генералштабот на јужнокорејската армија не се изнесени повеќе детали бидејќи анализата е во тек, наведува агенцијата Јонхап.

Северна Кореја претходно соопшти дека извршила тестирање на моќта на „супер голема боева глава“ за стратешка крстосувачка ракета и во петокот истрелала нова противвоздушна ракета во Жолтото Море.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови