Северна Кореја истрела повеќе проектили со краток дострел во Источното море

Од:

Северна Кореја истрела повеќе противбродски крстосувачки ракети со краток дострел кон Источното Море, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на началникот на Здружениот Генералштаб на армијата во Сеул, пренесе ДПА.

Крстосувачките ракети прелетале околу 150 километри.

Северна Кореја минатиот месец истрела поголем број балистички ракети, по тримесечна пауза.

Обединетите нации со резолуција им забрануваат на дел од земјите со нуклеарен потенцијал да тестираат балистички ракети, а на Северна Кореја и беа воведени и остри меѓународни санкции за да ја одвратат од натамошниот развој на ракетите што може да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови