Северна Кореја истрела крстосувачки ракети: „Демонстриравме нуклеарен контранапад“

Од:

Северна Кореја тестираше четири стратешки крстаречки ракети за време на вежбата со цел да ја покаже способноста на земјата да изврши нуклеарен контранапад против непријателските сили, објавија денеска државните медиуми.

За време на вежбата, четири проектили „Хвасал-2“ беа истрелани од областа на градот Ким Чаек во провинцијата Северен Хамгјонг кон морето долж источниот брег на Корејскиот полуостров, објави државната новинска агенција КЦНА.

Вежбата покажа дека Демократска Народна Република Кореја „ја зајакнува својата способност за нуклеарен контранапад на секој можен начин за да се бори против непријателските сили“, додаде КЦНА.

Ниту Јужна Кореја, ниту Јапонија не го објавија лансирањето на ракетите, кои вообичаено први откриваат и најавуваат такви лансирања.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека го набљудувало лансирањето, но дека има „разлики“ меѓу она што го откриле тие и САД и она што го вели севернокорејското соопштение, без да наведе повеќе детали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“