Северна Кореја испрати тимови во една од нејзините провинции за борба против заразни цревни болести

Од:

Северна Кореја испрати медицински тимови во југозападната провинција Јужна Хванга во обид да го запре ширењето на заразната цревна болест, јави ДПА.

Во четвртокот, локалнитемедиуми јавија за избивање на „акутна цревна епидемија“ во јужната провинција Хванга. Медицински тимови се испратени во провинцијата за да ги „поддржат напорите за медицински прегледи на сите граѓани“ и да ги идентификуваат сите пациенти кои страдаат од оваа болест. Здравствените работници ќе обезбедуваат и посебна грижа за децата, старите лица и лицата со хронични заболувања.

Пјонгјанг соопшти дека се работи на дезинфекција на капацитетите за отстранување на отпадни води и депониите и за проверка дали водата за пиење е безбедна. Природата на болеста е нејасна, а набљудувачите не ја исклучуваат можноста од појава на тифус или колера во оваа главно изолирана земја. Во петокот, медиумите јавихја дека повеќе од 800 семејства биле погодени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт