Северна Кореја го ослободи студентот од САД кој беше задржан од јануари 2016 година

Од:

Северна Кореја го ослободи американскиот студент Ото Вармбиер, кој беше задржан во земјата од јануари 2016 година, наведе државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, јави ДПА.

– По барање на претседателот, Стејт департментот обезбеди ослободувањето на Ото Вармбиер од Северна Кореја, наведе Тилерсон.

„Вашингтон пост“ пишува дека Ото Вармбиер (22) е во кома повеќе од една година, откако се заразил со ботулизам.

– Стејт департментот продолжува да ја разгледува состојбата на останатите тројца Американци кои се задржани во Северна Кореја, додаде американскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски