Северна Кореја го одбележа најважниот празник со танц и огномет, без воена парада

Од:

Северна Кореја денеска ја одбележа годишнината од раѓањето на основачот на државата Ким Ил Сунг со масовни танци, огномет и повици за посилна лојалност кон неговиот внук, сегашниот лидер Ким Џонг Ун, но очекуваната воена парада не се одржа.

За време на прославата на Денот на сонцето, жителите на Пјонгјанг оставија букети цвеќе во близина на бронзените статуи на Ким Ил Сунг и неговиот син Ким Џонг Ил.

Државната телевизија подоцна прикажа снимки од илјадници млади луѓе како танцуваат, мажи во бели кошули и жени во шарена традиционална облека, на плоштадот Пјонгјанг и голем огномет.

Со подигање жолти цветови учесниците на манифестацијата го формираа симболот на владејачката Работничка партија на Кореја, кој се состои од чекан, срп и четка.

Прославата на 110-тиот роденден на Ким Ил Сунг е организиран во време на зголемени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка