Северна Кореја го нарече поранешниот американски потпретседател Џо Бајден „будала со ниска интелигенција“ и „имбецил лишен од елементарни човечки квалитети“, откако американскиот претседателски кандидат неодамна го нарече севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун „тиранин“.
Корејската централна новинска агенција (КЦНА) објави дека Бајден го навредил раководството на земјата и сторил „сериозна политички мотивирана провокација која не може да се толерира“ против Северна Кореја.
Бајден за време на кампањата во Филаделфија во саботата го обвини претседателот Доналд Трамп дека се согласува со „диктатори и тирани“ како што се Ким и рускиот претседател Владимир Путин.
– Тоа што тој го изговори е само софизам на имбецил лишен од елементарни човечки квалитети, а не пак на политичар, пренесе КЦНА, додавајќи дека го следи сомнеж дека е „будала со низок коефициент на интелигенција“.
– Сепак, се фали себеси како најпопуларен претседателски кандидат. Ова е доволно и мачка да се насмее, се наведува во извештајот на агенцијата.