Во северна Јапонија денеска има опасност од тајфун кој би можел да предизвика поплави на подрачјето кое се уште се опоравува од цунамито во 2011 година.
Тајфунот именуван „Лајонрок“ веќе предизвика блокиради на сообраќајот, прекин на снабдувањето со електрична енргија, како и евакуација на жителите.
Во моментов, тафунот прави штети на јапонскиот брег близу до Фукушима, со ветрови кои дуваат со јачина од 126 километри на час, а подоцна се очекува и дека ќе донесе дожд.
Откажани се повеќе од 50 летови на главниот регионален аеродором во Сендај, а во текот на денот ќе биде прекинат и железничкиот сообраќај во областите Тохок и Хокаидо.
Во нуклеарниот центар во Фукушима, кој го погодија земјотрес и цунами во 2011 година, некои надворешни активности се прекинати поради претпазливост.