Сеул ја отфрли денеска можноста да плати за распоредувањето на скапиот американски противракетен штит на неговата територија, што е наменет за уништување на ракети истрелани од страна на Северна Кореја.
Првите елементи од противракетниот штит „ТХААД“ веќе пристигнаа во јужната област Сеонџу, каде ќе бидат распоредени, на 250 километри јужно од Сеул.
Ова го разгневи Пекинг на одгласот на силната вознемиреност на полуостровот.
Американските претставници уверија дека штитот ќе биде подготвен за дејствување за кратко време.
– Ја инфрмирав Јужна Кореја дека е соодветно тие да платат. Тоа е систем од една милијарда долари, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
– Тоа е нешто исклучително, ги уништува ракетите уште додека се на небото, наведе Трамп.
Сеул одговори дека согласно со договорот за американското воено присуство во земјата (над 28.000 војници), Југот обезбедува терен за системот „ТХААД“ и соодветна инфраструктура, а Вашингтон треба да обезбеди средства за негово распоредување и дејствување.
Оваа принципиелна позиција останува непроменета, стои во соопштението на Јужна Кореја.