Сеул: Начелно договорен крај на Корејската војна

Од:

Северна и Јужна Кореја, САД и Кина начелно се договорија да прогласат формален краÑ ˜ на Корејската војна, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин. Но, преговорите, додаде тој, допрва треба да започнат поради барањата на Пјонгјанг.

Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, заврши со примирје, а не со мировен договор. Оттогаш, Северна и Јужна Кореја се технички во војна.

Ким Јо-Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во септември сигнализираше дека нејзината земја може да биде отворена за преговори, но само доколку САД се откажат од, како што ја нарекоа, „непријателската политика“ против Пјонгјанг.

САД постојано повторуваат дека Северна Кореја мора прво да се откаже од своето нуклеарно оружје пред да бидат укинати какви било санкции.

Јужнокорејскиот претседател денеска изјави дека Северна Кореја продолжува да го поставува ова барање како предуслов за разговори.

– Затоа не сме во можност да седнеме да разговараме или да преговараме за декларацијата. Се надеваме дека ќе бидат иницирани разговори, истакна Мун на заедничката прес-конференција во Канбера со австралискиот премиер Скот Морисон.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата