Сеул: Големи воени вежби на САД и Јужна Кореја следната недела

Од:

САД и Јужна Кореја следната недела ги започнуваат своите најголеми здружени воени вежби во изминатите неколку години, во момент кога Пјонгјанг ги зголемува тестирањето на оружје и заканите од нуклеарен конфликт кон Сеул и Вашингтон, соопшти јужнокорејската војска.

Сојузничките летни маневри, што ќе се одржат од 22 август до 1 септември во Јужна Кореја, ќе вклучуваат вежби на терен каде ќе учествуваат авиони, воени бродови, тенкови и потенцијално десетици илјади војници.

Официјални лица од Министерството за одбрана во Сеул и воени функционери не соопштија точен број на американски и јужнокорејски војници кои ќе учествуваат во вежбите под името „Ulchi Freedom Shield“, а ќе има и четиридневна програма за обука за цивилна одбрана во Јужна Кореја.

Пентагон денеска соопшти дека САД, Јужна Кореја и Јапонија во близина на бреговите на Хаваите, одржале вежби за предупредување и пребарување и следење балистички проектили, од 8 до 14 август.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина