Сестрата на шпанскиот крал ќе биде изведена на судење

Од:

Шпанската принцеза Кристина, сестра на кралот Фелипе Шести, ќе биде изведена на судење за даночна измама, соопштеное денеска во Мадрид.

Кристина е обвинета за поврзаност со обвинувањето за злоупотреба на јавните фондови, на нејзиниот сопруг, Инаки Урдангарин, поранешен шпански ракометен репрезентативец и добитник на златен медал од Олимоиските Игри во Барцелона во 1992 година.

Ова е прв случај во поновата шпанска историја, еден член на кралското семејство, ќерака на поранешниот и сестра на сегашниот шпански крал, да биде обвинета и да се појави на судење.

Урдангарин кој со женидбата со Кристина има благородничка титула, е обвинет од шпански правосудни власти за проевера на милиони евра, заедно со својот некогашен бизнис партнер.

Брачната двојка и порано и сега ги отфрла сите обвинувања, тврдејќи дека не сториле ништо лошо и противзаконско, но Обвинителството во Палма де Мајорка, која го води целиот случај, тврди дека спортската фондација што ја формирал и со која управуваѓе Урдангарин, има злоупотребено државни пари.

Неговата сопруга,принцезата Кристина е обвинета затоа што обвинтелството смета оти таа знаела за „нечесните трансакции“ со парите од фондот на Инаки Урдангарин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски