Сестрата на Ким Џонг-ун ја отфрли можноста за продолжување на преговорите со САД

Од:

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска ја отфрли можноста за продолжување на дипломатските преговори со САД, додавајќи дека тоа ќе доведе до „уште поголемо разочарување“.

Ким Јо-Џонг ова го истакна откако американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ја опиша како „интересни сигнали“ неодамнешната изјава на севернокорејскиот лидер дека неговата земја е подготвена и за дијалог и за конфронтација.

– Се чини дека САД ја толкуваат оваа состојба како утеха за себе. Очекувањето кое САД избраа да го прифатат е погрешен пат и тоа ќе доведе до уште поголемо разочарување, нагласи таа.

Ким Џонг-ун неодамна изјави дека судбината на дипломатијата и односите со САД зависат од тоа дали Вашингтон ќе се откаже од, како што вели, непријателската политика.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка