Министерот за правда на САД Џеф Сешнс изјави дека градовите и сојузните држави кои ги штитат имигрантите од федералните имиграциски закони ќе добијат намалени субвенции од Министерството за правда.
– Неуспешното депортирање имигранти, кои се осудени за кривишни прекршоци, ги става целите заедници во ризик, посебно имигрантските заедници, изјави Сешнс на конференцијата за почат во Белата куќа.
Тој истакна дека неговото Министерство ќе ги задржи или намали субвенции за градовите и окрузите кои не се во согласност со федералниот имиграциски закон.