Сериозност од војна против Муслиманските браќа

Од:

Ал Џезира – Доха

Исламската арапска религија сведочи на војна против Муслиманските браќа, па макар и ограничена, како група која работи на тоа да ја преземе контролата во некои држави и монополот на власта. Така на пример, Муслиманските браќа се соочуваат со големи проблеми во Египет, каде се класифицирани како терористи. Египетските медиуми и понатаму водат жестока медиумска кампања против нив и за таа цел користат вистини и лаги.

И во другите арапски држави, како Обединетите Арапски Емирати, Муслиманските браќа се соочени со многу тешка состојба и кривично гонење, додека истата работа веќе порано се случуваше во Сирија, каде се прогонувани и напаѓани.

Моментално е дојдено до заострување на медиумската кампања против како што го нарекуваат, политичкиот ислам, додека Муслиманските браќа се обвинуваат за втемелување на политичкиот ислам чија цел е да се избришат другите и да се воспостави власт на луѓето во согласност со учењето на исламските правници темелено на шеријатскиот закон.

Тоа би подразбирало уништување на цивилната држава темелена на принципи на демократијата, мирно пренесување на власта, почитување на туѓото мислење и почитување на граѓаните, без оглед на верската, етничката и родовата припадност. Освен таа кампања, носителите на овие верски идеи се соочени и со голем број на кривични гонења, забрани и тактички кампањи насочени против нив.

Политички ислам

Вистината за тоа кој го измислил поимот политички ислам за мене е непознаница, како и поради што го направил тоа. Но, можам да кажам дека тој поим има многу нејасно значење и многу е лабав, поради што може лесно да се сврсти под бројни дефиниции, зависно од ставот на лицето кое ја одредува таа дефиниција.

Чудно е колку овој термин звучи незгодно и воопшто не е убаво да се слушне. Повеќе изгледа како обвинение или исмејување отколку што укажува на научен термин кој може да се студира и анализира.

Постојат многу теории и филозофски тези околу кои се собрани луѓето, што подоцна се разви во политички трендови, но никогаш не слушнавме некој да каже политички социјализам или политички капитализам, иако овие теории ги поставуваат темелите за начинот на животот.

Нивните носители воделе избори во многу држави, некои од нив победија, а некои изгубија. Тие кои оствариле победа работеле на примена на она во што веруваат. Се обидоа да ги придобијат широките маси и да ги претворат во следбеници на својата филозофија.

Освен тоа, никогаш не биле изложени на навредливи квалификации или напади од медиумите, со што се соочува движењето Муслимански браќа.

Дали има некакви научни основи или објективност во здружувањето на бројни сили со намера да го нападнат угледот на Муслиманските браќа и да ги негираат нивните права на политички избори, додека во исто време на други се одобрува клевета и негирање на правото?

Демократијата и прифаќањето на другите

Прашањето кое постојано се наметнува гласи: Дали е демократски човек да си дозволи себеси или на партијата политичка активност, додека во исто време ја забранува на другите? Поради што јас имам право на тоа, а другите немаат?

Дискриминацијата во законот не е демократија. Интелектуалците и академците, познати по тоа што ја бранат демократијата, моментално покренаа голема кампања против движењето Муслимански браќа и различни исламски организации, дури и ако тие не се терористички, поради усвојување на исламот и исламската идеја.

Некој како нив не може да се нарече демократија, бидејќи го присвоиле правото на демократија само за себе, додека на другите тоа право го скратуваат. Тоа е неприфатлива контрадикција. Секој кој на друг му ги ускратува неговите права не може за себе да каже дека усвоил демократски начела.

Тие кои моментално ги прогонуваат Муслиманските браќа велат дека не исклучуваат никого и дека се против било какво исклучување на другите. Би било добро вратата пред сите еднакво да е отворена и да нема дискриминација ако постои желба заедницата да остане обединета.

Но, да ја погледнеме моменталната состојба во Египет, ќе видиме дека прашањето за ексклузија е основна причина која ги поттикнува поддржувачите на постоечкиот систем против претседателот Мухамед Мурси.

Обвинет е за обид за ихванизација на Египет, но ако ја споредиме ексклузијата на Мурси со таа што моментално ја прават египетските власти и судовите, ќе видиме дека новиот режим е многу поригорозен по тоа прашање во однос на периодот на Мурси.

Египет ја забрани организацијата Муслимански браќа и ги лишија од сите нивни политички права. Против неа и понатаму се води жестока медиумска кампања. Кога се работи за египетските судови, преплавени со колективни смртни пресуди поради што египетската политичка работа ќе остане осудена на подолг временски период, што може да се претвори во историски доказ за тесноградост на еден дел на египетските политичари.

Ако другите не не прифаќаат, тоа не треба да значи дека ние не ги прифаќаме другите. Еден од демократските принципи е и тој дека вратата за дијалог и разбирање не треба да се затвора, бидејќи на тој начин се остварува добробит за сите и за општеството како целина.

Ако ги отфрлуваме другите, на нас е да ги повикаме на маса за дијалог и разбирање, што би можело да доведе до помирување и подобрување на јавниот живот, додека војните и прогонствата од безбедносни причини не смеат да бидат одговор на тие кои промовираат ексклузија.

Како човек кој го следи политичкото делување во арапскиот свет многу добро сваќам дека исламските организации, вклучувајќи ги и Муслиманските браќа, се ексклузивни и не ги прифаќаат другите, освен ако станат еден од елементите во нивните редови. Сметам дека решението на тој проблем лежи во отстранување на културниот и интелектуалниот притисок над нив, за да можат да го променат она на што се, работите да не излезат од контрола и да не дојде до ширење на хаос во општеството.

Наместо да градиме држава, ние работиме на нејзино рушење и разорување на општественото ткиво.

Обвиненија за тероризам

Нема право терорист да обвинува друг за тероризам, па макар тој и го правел. Арапските режими се терористички и тие ги држат арапските граѓани во постојан страв преку своите безбедносни агенции, посебно преку разузнавачките служби. Последни кои треба да зборуваат за тероризам и терористите се арапските режими.

Секако, не можеме да зборуваме за ова, а на врвот на светската терористичка листа да не ги ставиме Америка и Израел. Израел и Америка константно зборуваат за тероризмот, што всушност е пример на тој кој гледа како го следат обвиненија, па бегајќи пред нив, ги обвинува другите околу себе.

Арапските режими ги обвинуваат Муслиманските браќа за тероризам, но сакаме да знаеме кој е тој арапски режим кој е помалку терористички насочен од тероризмот на терористите?

Да го споредиме на пример она што го направи Мурси со она што сега го прави Ал-Сиси, можеме ли да понудиме одговор на прашањето кој од тие два примери носи со себе поголем тероризам? Такво прашање бара темелна, научна и објективна студија, која нема да се темели на расположението на медиумите, туку ќе се темели на објективни и очигледни податоци.

Што се однесува до тоа што египетскиот режим зборува за тероризмот на Муслиманските браќа на своите граѓани, на таа тема веќе пишував порано. Го застапував мислењето дека Египет си игра со прашањето за стабилноста на својата држава поради обвиненијата на сметка на Муслиманските браќа и дека никако не треба да се очекува дека Муслиманските браќа ќе молчат и мирно ќе ги поднесуваат сите обвиненија со кои се соочуваат.

Тие на тоа ќе одговорат. И секако кој ја следи состојбата очекува дека Муслиманските браќа ќе предизвикаат потрес во стабилноста на египетскиот систем, како одговор на делувањето против нив. Мудар политички систем е тој кој работи на тоа да се обединат луѓето од сите припадности. Тој треба да докаже дека е систем за сите и дека тука сите се добродојдени. Меѓутоа, египетскиот систем продолжува со својата политика, занемарувајќи ги историските искуства, т.е. дека групите кои не гледаат излез пред себе сигурно ќе се бранат ако се принудени на тоа.

Ширење на омраза

Има многу празни формулации кои се користат во кампањата против Муслиманските браќа, бидејќи кампањата не ги зема предвид демократските вредности во кои веруваат нејзините носители ниту даваат некоја тежина на социјалната кохезија во историјата на народите. Целта на таква кампања е да се шири омраза и презир во душите и да потпалува сомнеж и расправии меѓу граѓаните.

Исто така, целта е да се поделат луѓето на групи и организации кои се тркаат меѓу себе, што ќе резултира со фрагментација и слабеење на општеството, а на крај ќе ја доведе државата до нестабилност и понижување.

Изгледа дека носителите на оваа кампања не сваќаат дека групата Муслимански браќа моментално претставува најголема глобална организација и дека е раширена во светот, како и дека има поддржувачи кои се подготвени да ја бранат и штитат.

Тоа е исклучително раширена група во арапскиот и исламскиот свет и способна е да победи на изборите ако за тоа и се укаже можност. Членовите на групата се наоѓаат на секаде и тоа во голем број. Имаат широк круг на симпатизери на арапско-исламската сцена, додека обичниот народ општо стои на нивна страна и може да ги избере на избори поради исламската идеја која ја носат.

Мнозинството во арапско-исламскиот регион главно тежат кон верата. Тие не се религиозни, но веруваат дека излезот од кризата, со која се борат луѓето, е во примена на исламот како политички систем, бидејќи тој воспоставува социјална правда. Тука не ни е целта тоа да го докажуваме или негираме, туку зборуваме за склоностите, желбите и визиите на народот.

Секој политичар треба да ја земе предвид ориентацијата на народот и нивното верување во поглед на јавните дејности. Политичар кој не го уважува тоа не е дораснат за управување со јавните дејности. Муслиманските браќа не се осамени на сцената, туку имаат поддршка од голем број на исламски организации кои се подготвени да земат оружје за одбрана на оваа група ако има потреба за тоа. Тоа нема да биде нужно последица од љубовта кон нив, туку поради одбрана на исламската идеја. Можеби држава како ОАЕ може да врши притисок на Муслиманските браќа поради околностите во кои се наоѓаат, но држави како Египет, Сирија, Ирак и Јордан многу тешко ќе успеат во своите обиди да ја уништат групата Муслимански браќа. Емиратите не се соочуваат со проблемот од раширеноста на групата во редовите на граѓаните, бидејќи во основа и немаат толку голем број на жители.

Меѓутоа, држави со голема густина на населението кои сведочеа на постепеното ширење на Муслиманските браќа, тешко ќе успеат да го решат овој феномен на начин како што нив им одговара. Ќе ја доведат во прашање својата стабилност и социјалната кохезија, ако се обидат да го следат египетскиот пример.

Интелектуален тероризам

Тука името исламисти го употребувам метафорички, бидејќи милиони муслимани се исламисти иако не се членови на одредени организации. Ако арапските системи сакаат да воспостават демократија и да ги земат предвид основите и начелата на правдата во арапските општества, тогаш немаат друг избор туку да отворат комуникација со нетерористичките исламски групи.

Таа комуникација ќе им овозможи дискутирање за одредени работи кои ги карактеризираат исламските групи, а негативно се одразуваат на арапското општество во целина. На самиот почеток, прашањето за поседување на правото мимо другите, како и судење на другите низ културата, народот и верата врз основ на овие факти.

Потребно е исламистите да се уверат дека апсолутна вистина никој не држи во рацете и дека слободата на размислување е основа на креативното делување и дека никој нема право да го ограничи другиот во идеите и вредностите во кои тој верува.

Тоа ни укажува на потреба за разговор со исламските групи, вклучувајќи ги и Муслиманските браќа, за интелектуалниот тероризам, бидејќи сите овие групи, без оглед дали тие носат оружје или не, практицираат интелектуален тероризам, макар и во различна мерка. Исто така е неопходно да се развијат културни програми во арапскиот свет, кои ќе ги опфатат исламските групи и политичките системи на власт, со цел за ограничување на арапската идеја за исклучување, како и да се развијат воспитни програми со кои луѓето би учеле на старт, уште од градинките, да го прифаќаат другиот и да се откажат од племенскиот и партискиот фанатизам.

Проблемот е во тоа што ние, како арапско општество, сме воспитани така да ги отфрлуваме другите. Навикнавме да се однесуваме како племенски фанатици. Нашите партии се претворија во конзервативни племиња, додека отфрлувањето на другите стана прифатлив општествен обичај. На сите нас останува да работиме во контра правец со надеж дека ќе се научиме да живееме заедно, а не само едни покрај други.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро