Сепаратистите ќе ги предадат телата на жртвите и црните кутии на меѓународни експерти

Од:

Телата на загинатите во несреќата на малезискиот авион над Украина се чуваат како што треба и заедно со црните кутии, ќе им бидат предадени на меѓународните експерти, изјави на денешниот брифинг лидерот на проруските сепаратисти од Доњецк, Александар Бородај.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Бородај, кој се именува како „премиерот на Доњецката Народна Република“, нагласи дека поголем дел од телата на загинатите се собрани и натоварени на вагони-ладилници, што се наоѓаат на железничката станица Торез.

– Овие вагони засега не одат никаде. Тие, како и предметите, што веројатно се црните кутии, ќе им бидат предадени на странските експерти, но не и на украинската страна. Ние не можеме доказите да му ги предаваме во нашиот противник, кој не е заинтересиран за објективна истрага за трагедијата, додаде Бородај.

На местото на катастрофата на авионот „Боинг-777“, крај Торез, од утринава работат експерти по воздухопловна безбедност од Холандија. Одложено е, меѓутоа, пристигнувањето на 12 експерти од Малезија заради борбените дејствија во Доњецк и неговите предградија, соопшти Бородај.

За него, „чудно совпаѓање“ се борбите во Доњецк и пристигнувањето на експертите.

– Противникот денеска го зазеде градот Дебалцево. Ги напаѓа северните предградија на Доњецк и самиот Доњецк. Има многу загинати. И тоа се случува на денот кога водечките експерти и покрај противењето на украинската страна, сепак тргнаа накај нас, подвлече сепаратистичкиот лидер.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, денеска на своите сили им нареди да ги прекратат борбените дејствија во радиус од 40 километри од местото на несреќата на авионот, за да не се попречува работата на експертите.

Ова наредба тој ја сооопшти пред новинарите за време на посетата на Амбасадата на Малезија во Киев.

Според ИТАР-ТАСС, регионите на најинтензивни воени дејствија на украинската армија против силите на прорускиот отпор се наоѓааат надвор од 40-километарската зона за прекин на огнот.

Авионот падна северно од Торез, што се наоѓа во Доњецката област.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици