Сепаратистичкиот лидер во источна Украина најави евакуација на жителите

Од:

Сепаратистичкиот лидер во источна Украина, Денис Пушилин, поддржан од Русија, најави денеска евакуација на жителите од отцепениот укреаински регион Доњецк кои ќе бидат пренесени во југоисточниот дел на Русија, по засиленото гранатирање.

Објавувајќи го таквиот потег на социјалните мрежи, Пушилин, кој е лидер на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, истакна дека Русија се согласила да обезбеди сместување за луѓето кои заминуваат и дека приоритет треба да им се даде на жените, децата и повозрасните лица.

Според западни медиуми, во Доњецк сe уште нема знаци дека е започната евакуација.

Пушилин нагласи дека таков чекор е преземен поради „наглото влошување“ на воената ситуација.

– Од денеска, 18 февруари, е организирана масовна централизирана евакуација на населението во Руската Федерација. Прво треба да се евакуираат жените, децата и повозрасните лица, наведе сепаратистичкиот лидер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск