Сенегал влегува во коалицијата против бунтовниците во Јемен

Од:

Сенегал ќе испрати во Саудиска Арабија 2.100 војници кои ќе се вклучат во меѓународната коалиција против шиитскиот бунт во Јемен.

Сенегал ќе учествува во коалицијата по барање на саудискиот крал Салман.

Министерот за надворешни работи на Сенегал, Макеур Ндијае соопшти пред парламентот за одлуката за испраќање војници во Саудиска Арабија и прочита писмо од претседателот маки Сал во кое се вели дека државата се приклучува кон коалицијата бидејќи јеменските бунтовници се закана за регионалната стабилност и за Исламот.

Сенегал ќе биде првата држава од подсахарска Африка што ќе се вклучи во воената интервенција во Јемен. Мнозинството Сенегалци се муслимани сунити.

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки