Сенатот на САД го потврди изборот на Саманта Пауер за амбасадор во ОН

Од:

Американскиот Сенат со мнозинство гласови го потврди изборот на Саманта Пауер за амбасадор на САД во ОН.

Осумдесет и седум од вкупно 100 сенатори гласаа за нејзиниот избор, иако за да биде избрана и биле потребни само 51 глас.

Минатата недела Комитетот за надворешни работи на американскиот Конгрес го поддржа изборот на Пауер за амбасадор на САД во ОН. За неа гласале 16 од 18 членови на Комитетот.

Во претходните месеци таа беше критикувана од конзервативците поради интервјуто од 2002 година во кое изјави дека американската војска можеби треба да интервенира доколку Израел или палестинската управа извршат геноцид врз другата страна.

Пауер е поранешна новинарка и добитник на Пулицеровата награда, а во ОН ќе ја замени досегашната амбасадорка Сузан Рајс, која е поставена на функцијата советник на американскиот претседател Барак Обама.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски