Сенаторот Ренд Пол: „Америка нема да го спаси Киев“

Од:

Престанете да ја финансирате Украина, повика републиканскиот сенатор Ренд Пол во напис за „Американски конзервативец“.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави нема да го спасат Киев со влегување во војна против Русија.

„Колку подолго трае овој воен конфликт, толку е поголем ризикот секоја грешка или насочена провокација да го вовлече Вашингтон во директен конфликт со Москва. Нејзината војска може да има одредени неуспеси, но Русија, како и досега, го има најголемиот нуклеарен арсенал во светот. Ајде, да не се преправаме дека учеството на Америка во тој конфликт не е ризично“, се наведува во написот.

Нагласено е дека се додека трае конфликтот во Украина, секој ден ќе се врти тркалото на рулетот и секогаш постои опасност топката да застане на местото каде што пишува „Армагедон“.

„Ќе платиме за таа неизвесна игра. Не можеме да се преправаме дека сè е во најдобар ред. Не можеме да ги ставиме потребите на другите земји пред нашите, не можеме да ја спасиме Украина, осудувајќи ја американската економија на неуспех. И, се разбира, ние не можеме да го спасиме Киев со војна против Русија“, се заклучува во написот на американскиот сенатор.

Украинската армија веќе четврти месец изведува контранапад во правец на јужен Доњецк, Артјомовск и во правец на Запорожје, туркајќи во конфликтните бригади подготвени од НАТО и вооружени со странска опрема. Според зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, за тоа време не успеале да постигнат некои резултати.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк