Сенаторот Линдзи Грам во директно вклучување во телевизијата Фокс кажал „Сакам да разберам како оваа глупост започна“, мислејќи на импичментот.
„Испитувањето на поранешниот потпретседател Џо Бајден за неговите криминални активности во Украина, ќе продолжи да се проверува од Сенатот по процесот на импичмент на претседателот Трамп“, додаде сенаторот Грам.
Тој во своето гостување истакна дека импичментот наскоро ќе заврши без отповикување на сегашниот претседател Трамп, а дека фамилијата на поранешниот потпретседател и сегашен кандидат за претседател за изборите оваа година, Џо Бајден, треба да одговара.