Семејството на убиениот Џорџ Флојд ќе добие 27 милиони долари од градот Минеаполис

Од:

Градскиот совет на Минеаполис, во американската држава Минесота, денеска едногласно одлучи да се исплатат 27 милиони долари за решавање на тужбата поднесена од семејството на Џорџ Флојд, кој минатата година беше убиен од полицајци кои го приведуваа.

Во јули, семејството на Флојд поднесе тужба против градот и четворицата полицајци обвинети за неговата смрт минатиот мај.

Во тужбата се тврди дека полицајците ги повредиле правата на Флојд кога го приведувале и дека градот дозволил да се зголемува културата на употреба прекумерна сила, расизам и неказнивост меѓу припадниците на полициските сили.

Смртта на Флојд, невооружен Афроамериканец, минатата година предизвика масовни протести против полициското насилство и расизмот низ цела САД, а многу луѓе демонстрираа и во други земји од светот. 46-годишниот Флојд почина на 25 мај 2020 година, откако беше уапсен под сомнение дека платил сметка со лажни 20 долари.

Полицајците при апсењето го турнаа на земја на плочникот пред неговиот автомобил, а еден од нив цели осум минути го држеше коленото врз вратот на Флојд, додека тој молеше да го ослободат бидејќи не може да дише, што може да се види од објавените видеа. Според обдукцијата, Флојд изгубил свест и веднаш починал.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски