Семејството на отповиканиот египетски претседател Мохамед Морси денес ја обвини војската дека го киднапирала.
Ова е прво соопштение на семејството на Морси, откако војската на 3-ти јули го симна од власт.
Соопштението го прочита ќерката на Морси, Шаима на денешната конференција за новинари во Каиро.
Морси по воениот судир се наоѓа на тајна локација, без можност да комуницира со надворешниот свет.
Претставници на владата претходно соопштија дека тој е безбеден и дека е задржан токму поради тоа.
„Муслиманските браќа“ на Морси и неговите исламистички сојузници, речиси секој ден одржуваат улични протести во Каиро и други градови, на кои бараат тој да се врати на претседателската функција на која беше избран на првите слободни избори во државата.
Елена Георгиевска