Спасувачките екипи пронашле пет безживотни тела по пожар во куќа во западна Германија. Полицијата се сомнева дека во прашање е убиство и самоубиство во семејството кое живеело во куќата.
Пожарникарите во текот на интервенцијата ги пронашле петте тела. Идентификувани се како 41-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга, двете нивни ќерки кои биле на возраст од една и од четири години како и мајката на жената. Полицијата не ги соопшти нивните имиња.
Според првичните наоди на истрагата полицијата смета дека мажот прво си го убил семејството, ја запалил куќата, а потоа си нанел смртни повреди со нож. Како мотив за грозоморниот чин се наведуваат лошите брачни односи.