Секс скандалот во Сан Диего заврши со оставка

Од:

Нови моменти во двата политички секс скандали во САД, во кои се вмешани градоначалникот на Сан Диего Боб Филнер и поранешниот конгресмен Ентони Винер, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

По неколкунеделно противење, Филнер, поранешен долгогодишен конгресмен од Демократската партија и градоначалник на еден од најголемите американски градови Сан Диего, вчера поднесе оставка.

Филнер беше обвинет од 16-ина жени, кои работеле со него, но и случајно дошле во контакт со градоначалникот, за недолично однесување и малтретирање.

Филнер (70) беше обвинет дека недолично ги допирал колешките, се обидувал да ги бакне, им зборувал провокативно и создавал невозможна атмосфера за работа.

Тој поднесе оставка, а за возврат постигнат е договор со градот со кој ќе се ограничи финансиската и правната штета која може да ја претрпи во судските процеси кои малтретираните жени ги покренаа против него.

Адвокатскиот тим на Филнер преговара со жените, но и со Глорија Алред, познатата адвокатка специјализирана за слични случаи поврзани со познати личности, која бара 1,5 милиони долари отштета за нејзината клиентка Ирена Меккорман Џексон, која морала да ја напушти функцијата советник за комуникација на градоначалникот, поради неговото малтретирање.

Против Филнер истапија дури осум жени – ветеранки кои служеле во армијата на САД, со кои градоначалникот стапил во контакт посетувајќи настани за жени-војници, дури и групи за жени кои биле силувани додека служеле во армијата.

Во еден случај, болничарка која негувала жена – војник која била тешко повредена дошла да побара помош од Филнер, а тој рекол дека ќе помогне доколку болничарката се согласи да излезе на состанок со него.

Во друг случај, Филнер гушкал и бакнувал 67 годишна жена која работела во градското собрание.

На другиот брег на САД, секс-скандалот на поранешниот конгресмен и кандидат за градоначалник на Њујорк Ентони Винер, доби нов бизарен елемент.

Винер се уште се кандидира за градоначалник и покрај тоа што беше јавно посрамен кога 23 годишната Сидни Ледерс ги објави сексуално експлицитните пораки кои женетиот Винер и ги праќал.

Во обид да ја искористи ново-стекнатата слава со скандалот кој беше водечка вест во САД, Ледерс имаше низа медиумски настапи, а потоа реши да сними и порно-филм, во кој актерот Ксандер Корвус го глуми Винер.

Но, набргу по снимањето на филмот, Ледерс беше известена дека е можно да била изложена на ХИВ вирусот за време на снимањето, затоа што Корвус, во филм кој го снимил кусо време пред филмот со Ледерс, имал незаштитен секс со актерка за која подоцна е утврдено дека е болна од сида.

Порно актерката Камерон Беј имала секс со Корвус, како и со голем број други порно-актери, без да знае дека го носи вирусот. Поради временскиот период кој е потребен за развој на анти-телата за вирусот на сидата, за време на кој тестовите не можат со сигурност да утврдат дали лицето е инфицирано и се уште постои опасност и Корвус, но и Синди Ледерс, да се заразени.

Ледерс објави дека се тестирала пред и по снимањето на филмот посветен на скандалот на Винер, и дека е сигурна дека не е инфицирана.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран