СЕЕМО конференција за влијанието на политиката врз медиумите и корупцијата

Од:

Организацијата за медиуми на ЈИЕ (СЕЕМО) најави денеска дека на 23 септември ќе одрганизира во Букурешт дводневна конференција за слободата на медиумите, влијанието на политиката врз медиумите и корупција.

Конференцијата ќе ја отвори романскиот премиер Виктор Понта и координаторот на Иницијативата за соработка во ЈИЕ, Ерхард Бусек како и генералниот секретар на СЕЕМО, Оливер Вујовиќ.

Меѓу говорниците ќе бидат и заменик-генералниот секретар на ЦЕИ Ерик Черновиц, главниот советник во Канцеларијата на ОБСЕ за медиуми, Барата Мир, и директорот на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) Ренате Шредер.

Во соопштение е наведено дека меѓународните гости ќе разговараат со романските новинари за медиумската слобода во таа држава и во Европа.

– Ситуацијата во Романија е драматична, констатира претседателката на СЕЕМО во Романија Марина Константиноиу која вели дека државата може да биде прва европска земја без печатени медиуми во следните пет до десет години заради намалени приходи од огласи за повеќе од 90 отсто и постојаното намалување на продажбата на весници.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата