Автобус, со кој се превезувале студенти, се запалил по судир со други автомобили во северниот дел на Египет, при што 17 лица загинале, а 18 се повредени, соопшти полицијата.
Со автобусот патувале студенти од Факултет за туризам.
Причината за несреќата засега не е позната, ниту пак дали има жртви во останатите возила, кои учествувале во верижниот судир.