Седум лица загинаа во Тајван при голем пожар кој избувна во текот на ноќта во фабрика за производство на микрочипови, соопшти Централната информативна агенција на островот.
Меѓу жртвите се двајца работници од Тајланд и петмина пожарникари.
Други седум лица од спасувачкиот тим се повредени и хоспитализирани. Двајца од нив, според лекарите, се наоѓаат во тешка состојба.
Се уште не е позната причината за пожарот.