Индија денеска ги зајакна безбедносните мерки на границата со Пакистан, откако вооружени напаѓачи влегле во полициска станица во градот Динанагар, околу 20 километри од границата, а во престрелката загинале најмалку седум лица.
Полицијата соопшти дека во инцидентот се убиени двајца полицајци и четворица цивили, а во текот на опсадата шест лица се повредени.
Портпаролот на владата на северната индиска држава Пенџаб, Харчаран Бајанс изјави дека двајца од загинатите се милитанти, но не е познато дали останатите петмина се полицајци.
Мажи, облечени во воени униформи, се криеле во околните касарни во округот Гурдаспур. На телевизиските снимки можеле да се слушнат истрели кога безбедносните сили ја опколиле полициската станица.