Седуммина загинати и 1.000 повредени во снежна бура во Јапонија

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а 1.000 се повредени во најголемата снежна бура која ја зафати Јапонија во последните две децении.

Во Токио до синоќа паднале 27 сантиметри снег, што според метеоролозите е највисоката снежна покривка во последните 45 години.

Во североисточниот дел од земјата, во градот Сендаи, наврнале 35 сантиметри снег, рекордни во последните 78 години.

Локалните медиуми објавуваат дека најмалку седум лица загинале, од кои повеќето во сообраќајни несреќи.

Повеќе од 20.000 семејства останале без електрична енергија, а откажани се и 300 авионски летови.

Метеоролозите предвидуваат дека и денеска ќе паѓа снег во северните делови од државата.
Снежната бура го погоди Токио непосредно пред одржувањето на локалните избори, па се стравува дека невремето би можело да влијае на излезноста на гласачите во главниот град со 13 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови