Седум мажи денеска се осудени на смрт во индискиот град Рохтак, поради убиство на 28-годишна жена, која почина откако беше групно силувана.
Убиената девојка ја посетувала болницата во Рохтак, каде се лекувала од депресија, а еден од силувачите организирал нејзино киднапирање од психијатриската клиника.
Телото на девојката беше пронајдено на локалан пат, а обдукцијата покажа дека починала поради насилство.
– Оваа пресуда нека биде пример за сите кои мислат дека можат да постапуваат на таков начин кон жените, беше потенцирано на судењето.
Осмиот маж е осуден на доживотен затвор бидејќи за време на делото бил малолетен.
Индија е земја со најголем процент на силување во светот.