Седумина Египќани осудени за силувања во време на празнувањето на изборната победа на Ал Сиси

Од:

Судот во Каиро денеска осуди седум лица, обвинети за силување на жени и девојки, за време на големите сенародни манифестации на веселба и празнување на изборната победа на новиот египетски претседател Абдул Фатах ал Сиси.

Двајца од обвинетите се осудени на доживотен затвор, додека другите петмина се осудени на затворски казни, во траење од една до 20 години.

Сите осудени беа обвинети за тешко насилство и за силувања, извршени минатиот месец и врз основа на новото законодавство.

Кога властите открија што се случувало за време на празнувањето, претседателот Ал Сиси нареди донесување на нов закон, според кој нападите врз жените, а посебно силувањето се квалификуваат како кривично дело.

Ова е првпат во Египет да се донесе еден ваков закон, според кој сексуалното насилство врз жените е кривнично дело што се санкционира.

Според едно истражување, што го има направено ОН, девет од десет жени во Египет се соочиле со некаков вид на сексуално насилство.

Вакви инциденти беа регистрирани на плоштадот Тахрир во Каиро, за време на масовните протести против власта на пораншниот претседател Хосни Мубарак, во 2011 година. За нападите и силувањата се разбра откако жртви на сексулано насилство беа и странските новинарки и посетители кои во тоа време се најдоа во Каиро.

Агенциите за заштита на правата на жените објаснуваат дека инцидентите со сексуално насилство врз жени и млади девојки значително се зголемени по падот на Мубарак и за време на управувањето на исламистичките власти на соборениот претседател Мохамед Морси.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро