Седумгодишно девојче им побегна на родителите и се качи во авион

Од:

Седумгодишно девојче им побегнало на родителите недалеку од главната железничка станица во Женева, се качила во воз кој одел кон женевскиот аеродром и влегла во авион иако немала билет.

– Родителите веднаш ја алармирале швајцарската полиција, која го следела нејзиното „бегство“ со помош на безбедносни видео-камери, соопшти портпаролот на аеродромот Бертранд Стемпфли.

Младата авантуристка успеала незабележано да мине покрај вработените на безбедносната проверка, а потоа се „стопила“ со мноштвото патници на патот кон авионот, преправајќи се дека ги бара своите родители.

Таа успеала да влезе во авионот, каде ја забележала и запрела стјуардесата и после неколку поставени прашања ја предала на аеродромското обезбедување.

Доколку успееше да се задржи до полетувањето на авионот, девојчето ќе пристигнело во Франција.

Женевскиот аеродром издаде соопштение, во кое се наведува дека ќе бидат зајакнати безбедносните правила при влегувањето на патниците во авион, по „инцидентот кој во никој случај не смеел да се случи“.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ