Во експлозија на бомба денеска загинаа седум египетски војници на Синајскиот Полуостров, а четворица се потешко повредени, соопштија египетските власти.
Инцидентот се случи кога нивното оклопно возило налетало на бомба оставена покрај пат јужно од Ал Ариш, главниот град на провинцијата Северен Синај.
Исламските екстремисти често извршуваат напади врз египетската војска и безбедносните сили во Северен Синај.