Седум рудари загинаа при експлозија во Мексико

Од:

При експлозија во рудник за јаглен во северниот дел на Мексико вчера загинаа седум рудари, соопштија локалните власти.

„Спасувачките служби по повеќечасовни обиди за спасување ги извлекоа на површина телата на загинатите рудари, кои се на возраст меѓу 20 и 39 години“, изјави Хуан Антонио Ибара, претставник на итните служби во државата Коавила, додавајќи дека овие рудници никогаш не применуваат соодветни безбедносни мерки.

Тој истакна дека експлозијата, која се случила на 75 метри под земјата, најверојатно била предизвикана од гас.

Спасувачката операција, во која учествувале 50 луѓе, минувала полека поради тоа што рудникот морал да се проветрува за да не дојде до нова експлозија.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба