Седум луѓе загинаа во нападот во Лондон

Од:

Началничката на лондонската полиција Кресиа Дик изјави дека починала и седмата жртва од синоќешниот напад во Лондон, изведен од тројца напаѓачи на Лондонскито мост и пазарот Бороу, кои подоцна беа елиминирани од полицијата.

– За жал потврдено е дека настрадаа седум граѓаним истакна Дик.

Напаѓачите прво со со возило удриле во пешаците на мостот, а потоа со ножеви нападнале луѓе во подрачјето на пазарот Бороу.

Според лондонската Брза помош повеќе од 48 повредени се примени во пет болници, а на полесно повредените помош им е пружена на лице место.

– Вооружените полицајци многу брзо и храбро реагираа и се судрија со тројцата осомничени мажи, кои се убиени на пазарот Бороу. За жал починаа уште шест лица, изјави шефот на британската антитерористичка единица Марк Роули.

Тој додаде дека осомничените се застрелани осум минути по првиот примен повик за помош.

Роули посочи и дека осомничените носеле лажни експлозивни елеци.

Инцидентите на Лондонскиот мост и пазарот Бороу прогласени се за терористички напади, додека третиот инцидент што се случи во Вокскол, Лондон, каде имало прободување со нож, но не е поврзан со претходните два.

Лондонскиот мост и пазарот Бороу се познати по ноќниот живот.

Се уште никој не презел одговорност за нападот, но Исламска држава ги поздрави синоќешните инциденти во Лондон.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети