Седум лица загинаа во два напада во Ирак

Од:

Во најновите напади во делови на Ирак населени главно со сунити денеска загинаа седум лица.

Во соопштението на ирачката полиција се наведува дека утрово на пазар во западно предградие на Багдад загинале четири луѓе, додека 12 се повредени.

Вториот инцидент се случил во близина на градот Фалуџа, 65 километри западно од Багдад, каде напаѓачите со пиштоли со придушувачи убиле тројца полицајци во цивил.

Најмалку 23 лица вчера загинаа во одделни експлозии на еден контролен пункт, на погреб на шиитски лидер и во напади на автомобил на еден полицаец, во близина на фудбалски терен и покрај една фурна.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак