Седум лица загинаа денеска при несреќа на украински авион во јужниот дел на Алжир, јави ИТАР-ТАСС, кој се повикува на локални медиуми.
Авионот се урнал во близина на аеродромот во провинцијата Тамангасет, кусо по полетувањето. На местото на настанот се спасувачки тимови и полиција.
Вработен во алжирското Министерство за сообраќај изјави дека станува збор за товарен авион „Антонов-12“, со кој патувале седум лица.